logo
logo
logo

Златан за прв пат ја пееше химната на Шведска и потоа се прогласи за нејзин Крал!

Vecer | 26.03.2021

Златан за прв пат ја пееше химната на Шведска и потоа се прогласи за нејзин Крал!

Напаѓачот Златан Ибрахимовиќ имаше триумфално враќање во дресот на шведската репрезентација. По пет години ветеранот повторно е во репрезентацијата на Шведска и вчера фудбалерот на Милан запиша асистенција за победничкиот гол на својата репрезентација над Грузија со 1:0.

Му ветив на селекторот дека ќе ја испеам химната. Ги научив зборовите и пеев“, изјави Златан откако комплетираше 117 настапи за Шведска што со 39 години стана највозрасниот фудбалер што заиграл за оваа репрезентација (го помина легендарниот голман Томас Равели).

Но не само тоа, Златан потоа се прогласи за наследник на шведскиот крал Карл XVI Густав.

Карл XVI Гузтав, со „З“ како Златан“, напиша 39-годишниот Ибрахимовиќ на социјалните мрежи.

 

sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk