logo
logo
logo

Зидан во само 22 дена остана без осум играчи

Vecer | 06.02.2021

Зидан во само 22 дена остана без осум играчи

Реал Мадрид денеска и гостува на Хуеска во рамките на 22. коло во Ла Лига. Зинедин Зидан се најде во проблеми пред овој меч поради долгата листа на повредени играчи, ги има вкупно седум.

Поради ова францускиот стратег на денешниот дуел ќе може да смета на 17 фудбалери. И заминувањата покрај повредите и тоа како му направија проблем на Зидан, во 22 дена остана без осум играчи.

Пред две недели во полуфиналниот меч во Суперкупот на Шпанија, Зидан на располагање имаше 22 имиња, но тоа брзо се промени.

Лука Јовиќ и Одегард во меѓувреме го напуштија клубот, додека повреди заработија Карвахал, Родриго, Васкез, Милитао и Азар, а Начо е позитивен на коронавирус.

Поради ова Зидан остана со шест резервни играчи од кои четворица претходно ги отпиша.


sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk