logo
logo
logo

Зидан со писмо се прости од фановите на Реал, удри и по Перез!

Vecer | 31.05.2021

Зидан со писмо се прости од фановите на Реал, удри и по Перез!

Насловната на “АС“ е топ – тема утринава во фудбалска Европа. Имено сега е познато зошто Зинедин и Реал Мадрид се разделија, иако Французинот на “кралевите“ им донесе голем број трофеи, посебно во Лигата на Шампионите.

Зидан со писмо до фановите се прости од Реал, во него тој ги наброи причините зошто морало така да биде.

И не заборави да удри по Флорентино Перез, првиот човек на клубот.

Едноставно не се веруваше во мене. Клубот не застана зад мене за проектот кој мислев да го изработам на долги и средни патеки. Како да се заборави што јас имам направено за Реал. Само барав малку повеќе да се почитува тоа што го работам, не барав никакви привилегии. Човечките односи се многу поважни од славата, парите…тие се најважни“ рече им порача на фановите покрај другото, сега веќе екс стратегот на Реал Мадрид.

Од ова излегува дека всушност Реал Мадрид инсистирал на разеделба, а не Зидан. Дека ова е отказ а не оставка.

Во секој случај и дефинитивно заврши ерата на Зидан во кралскиот клуб од Мадрид.

 

sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk