logo
logo
logo

Зидан „распука“ на прес: Ме менувате секој ден, но јас сум сеуште тука

Vecer | 17.04.2021

Зидан „распука“ на прес: Ме менувате секој ден, но јас сум сеуште тука

На Зинедин Зидан очигледно му дојде преку глава да ги чита секојдневните текстови во шпанските медиуми околу негова навоидна смена па на денешната прес конференција која е претходница на утрешниот меч против Гетафе, тој реши да се „пресмета“ со дел од новинарите.

Ова не е одлика на однесувањето на Зидан, кој е доста тактичен но очигледно дека „дојде преку глава“.

Французинот истакна дека не се смета себеси за најдобар тренер во светот иако изминатите години Реал Мадрид освои многу трофеји.

„Дали имав среќа? Да, ја имав таа среќа да добијам работно место во вака голем клуб. Не, не мислам дека сум ужасен тренер, а не сум ни најдобар тоа сигурно“ – рече Зидан па додаде. 

„Никој не може да го повлече најдобриот потег во секој момент, но најважно е да се има страст кон фудбалот. Би сакал во медиумите да се пишува повеќе са фудбалот, но вас ве интересираат некои други нешта. Тоа е штета затоа што знам дека и вие го сакате фудбалот“ – продолжи да го возвраќа ударот Зидан .

Нормално, како и на речиси секоја прес конференција потоа беше запрашан дали ќе си замине од клупата на Реал, на што Зидан одговори.

„Не гледам понатаму од утрешниот меч. Фокусирани сме сите само на тоа. Може еден тренер да има договор на три или пет години да па замине уште утре, а и да биде обратно. Да има договор на една недела па да остане многу подолго“ – констатираше французинот пред да поентира.

„Вие новинарите реално врска немате. Констатно зборувате дека треба клубот се ослободи од мене, но јас сеуште сум тука. Не знам што ќе биде за три месеци, или за три години, но знам дека утре Реал Мадрид утре има важен натпревар“  – заврши Зидан. 

 

 

 

 

 


sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk