logo
logo
logo

Зидан нема милост: Го избркал од тренинг икусниот фудбалер

Vecer | 13.05.2021

Зидан нема милост: Го избркал од тренинг икусниот фудбалер

Проблеми во Реал Мадрид. Зинедин Зидан пред вечерашната пресметка со Гранада го избркал бразилскиот интернационалец Марсело од тренинг.

Наводно на Бразилецот не му се допаѓала една тактичка варијанта на тренерот, па нешто му пререкол, со што Зи-Зу го отстранил од тренингот.

Ова е нов проблем за Марсело кој игра сезона за заборав во таборот на „кралевите“. Дури се шпекулираше и за негово заминување, а и неговата форма не е онаа старата кога Реал „газеше“ во Лигата на шампионите.


sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk