logo
logo
logo

Зидан кон новинарите: Дај бидете сериозни, секој ден читам дека ќе добијам отказ

Vecer | 05.02.2021

Зидан кон новинарите: Дај бидете сериозни, секој ден читам дека ќе добијам отказ

Тренерот на Реал Мадрид Зинедин Зидан изјави дека нема да го напушти кормилото под притисокот на јавноста. Лошите резултати во кралскиот клуб во последно време повторно на дневен ред ја поставија темата за иднината на францускиот стратег, па дури се пишуваше дека нема да го предводи тимот идната сезона туку „кралскиот клуб“ ќе ангажира нов тренер.

Зидан ги повика медиумите да ја почитуваат неговата работа и работата на играчите.

„Не знам што се случува. Се пишува се и сешто, за моја смена и слично. Не знам. Јас сум среќлија. Ако јавноста сака да си одам, тоа нема да го направам. Знам дека ситуацијата не е пријатна, вистина е дека не сме во најдобра форма, но сме цврсто решени да го промениме тоа. Вие, медиумите вршете си ја вашата работа. Еден ден сум сменет, но следниот враќам. Ако одиграме нерешено или изгубиме, тогаш сум сменет. Тоа го правите вие. Лут сум затоа што ние се обидуваме да си ја работиме работата. Ние водиме битки во нашата работа, како и вие во вашата. Треба да имате малку почит во нашата работа“, изјави Зидан на денешната прес-конференција.


sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk