Артем Беседин, „жртвата“ на стартот на Швеѓанецот Даниелсон, би можел да паузира до крајот на годината.

Само што влезе во игра, Беседин по една акција беше грубо фаулиран од Маркус Даниелсон. Швеѓанецот, пак, и натаму не веруваше дека му беше покажан црвен картон, но сосема заслужено.

Од украинската федерација се огласија за тежината на повредата на Беседин. Велат дека не станува збор за кинење на лигаментите, туку само оштетување на истите, но дека ќе мора да паузира 3-6 месеци. Во најцрното сценарио, Беседин ќе го нема до крајот на годинава.

sportmedia.mk