logo
logo
logo

ЖРК Куманово убедливо до Куп-трофејот

Vecer | 15.05.2021

ЖРК Куманово убедливо до Куп-трофејот

Екипата на Куманово го одбрани пехарот од пред две години во Купот на Македонија, во финалето го совлада Вардар со убедливи 26-18 (12-9).

Добрата игра во второто полувреме беше клучна за триумфот на ракометарките на старо-новиот освојувач. Откако вардарки на стартот на вториот дел дојдоа на минус еден, влегоа во лоша серија на реализација, на другата страна стигна казната. Куманово брзо се искачи на 21-15 за мирен финиш.

[embed]https://www.youtube.com/watch?v=WcFdyemiTfI[/embed]

Јанкуловска со шест и Трајковиќ со четири гола беа најдобрите стрелци кај победникот, во редовите на  ЖРК Вардар, Трпевска имаше пет погодоци.


sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk