logo
logo
logo

Жозе по поразот од Сити: Ах, тие „модерни пенали“...

Vecer | 14.02.2021

Жозе по поразот од Сити: Ах, тие „модерни пенали“...

Тотенхем изгуби од Манчестер Сити со 3:0, а можеше да поведе на почетокот на мечот ако Хари Кејн од слободен удар го погодеше местото каде се спојуваат пречката и стативата. Само пет минути подоцна Хојберг направи пенал со фаул врз Гундоган, а Сити поведе и го отвори патот кон победата.

Жозе Мурињо на прес-конференцијата ги бранеше своите момци и го појасни терминот „модерен пенал“.

Имавме контрола на играта, ја погодивме пречката. Да поведевме тоа ќе ни дадеше гориво кое на играчите им е потребно кога се уморни. А потоа еден од оние ’модерни пенали’ нѐ стави во тешка позиција “, изјави Мурињо.

Тоа е пенал кој се досудува дури и ако го пипнеш противникот со ноктот. Против некои тимови таков контакт со врвот на ноктот е пенал и ВАР не може да покаже дали имало контакт со ноктот, прстот или носот“, вели Португалецот.

За Пеп Гвардиола, тренерот на Сити, пеналот е чист.

Пеналот е чист како солза, а потоа дадовме втор гол од првиот напад во второто полувреме. Тоа ни ја олесни работата“, рече Шпанецот.


sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk