Со двата гола на Диого Жота, Португалија има убедливи 2:0 по првиот дел на гостувањето кај Србија во вечерва најинтересниот дуел од европските квалификации за СП 2022. Момците на Драган Стојковиќ – Пикси не успеаја да им парираат на гостите во првите 45 минути, а Жота на двапати ја тресеше домашната мрежа.

 

Во второто дерби вечерва без голови е во Прага каде Чешка ја пречекува Белгија, а нема погодоци нити на мечот меѓу Ирска и Луксембург.

Голема сензација во првиот дел прави Малта. Таа на гостувањето кај Словачка во Трнава успеа за 4 минути да постигне два гола и на пауза да замине со голема предност.

 

sportmedia.mk