logo
logo
logo

ЖКК Бадел 1862 ја врати Нена Трајчевска

Vecer | 09.03.2021

ЖКК Бадел 1862 ја врати Нена Трајчевска

Сино-жолтиот дрес со број 77 доби свој сопственик. Сениорската репрезентативка Нена Трајчевска ќе биде големо засилување за ЖКК Бадел 1862 во борбата за титула во Првенството и Националниот куп.

Таа кажа дека се чувствува мотивирано да го однесе својот ново-стар тим до двојна круна.

⁃ Се чуствувам одлично и мотивирано. Целта е јасна, шампионска титула и освојување на националниот куп доколку се одржи. Но, улогата сега ми е многу поразлична од минатите години кога настапував за Бадел. Во целиот овој процес сега, би сакала со моето искуство кое го стекнав овие години да го пренесам колку знам и умеам и да им помогнам на младите кошаркарки од овој клуб. Сѐ со цел, да ги охрабрам и да докажам дека без разлика од каде сме, тие можат да успеат и да постигнат нешто што до сега ниедна кошаркарка од нашата држава не успеала-рече Трајчевска на промоцијата.


sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk