Жиру: Невозможно е да кажеш дека си геј во модерниот фудбал

" alt=

Една од најтабу темите во модерниот фудбал секако е хомосексуалноста, откако минимален број на фудбалери признаваат дека се геј и фудбалерот на Челси, Оливие Жиру тврди дека постои „невозможна атмосфера“ за тие кои би го признале тоа.

Французинот вели дека е потребно да се има малку поголема толеранција, посочувајќи дека фудбалот е далеку од толерантен.

„Невозможно е да кажеш дека си хомосексуалец во фудбалот. Ја сфаќам болката и тешкотијата на професионалните спортисти кои се геј и кои би сакале тоа да го кажат јавно. Да, има некои иницијативи како врвки за копачките во боите на виножитото и слично, но треба да работиме многу на толеранцијата“, вели Жиру во интервју за „Фигаро“.

Французинот потсети на Томас Хицлшпергер, поранешниот фудбалер на Астон вила кој призна дека е геј во 2014 година.

„Кога Хицлшпергер ја направи својата одлука, тогаш знаев дека е речиси невозможно. Во соблекувалната има многу тестостерон, дружба, колективни туширања… Компликувано е“, додава Жиру.

извор: Makfax

Поврзани

Најнови вести

Коментари