logo
logo
logo

„Жешко“ селекторско деби на Лазаров: Македонија нема победа против светскиот првак

Vecer | 11.03.2021

„Жешко“ селекторско деби на Лазаров: Македонија нема победа против светскиот првак

Македонската ракометна репрезентација вечерва (20 часот) во салата „Борис Трајковски“ го пречекува актуелниот светски првак, Данска во третиот квалификациски меч за пласман на ЕУРО 2022 година. Овој дуел ќе биде посебен, на селекторското место ќе дебитира Кирил Лазаров. Тој ќе има тројна улога во нашиот најдобар национален состав, предводник, капитен и играч.

Во изминатите денови репрезентативците се подготвуваа за дуелот со Данска, целта на Лазаров е Македонија да игра модерен ракомет, да го врати сјајот по СП во Египет. Во националниот тим го врати Филип Миркуловски, заедно со останатите поискусни играчи и дел од младите, сакаат да го задржат континуитетот на големите натпреварувања и полека да им го отворат патот на идните носители на играта.

Судбината посака ова нова поглавје да биде отворено токму против најдобриот Данска. Македонија нема победа против составот на Николај Јакобсен, најблизу беше на ЕП 2012 година во Србија за минимален пораз што Македонија ја чинеше пласман во полуфиналето. Во инфаркт завршница бевме поразени со 33-32. Имаме одиграно пет меча, сите поубедливо ги добил противникот.

Двете репрезентации на оваа средба ќе влезат без пораз, и Македонија и Данска имаат две победи.

„Играме против светскиот првак, актуелниот сè уште олимписки шампион. Мене и на играчите ни е чест, што можеме да отвориме едно ново поглавје на македонскиот ракомет почнувајќи со, можеби најдобрата репрезентација на денешницата. Спортски е да се надеваме. Како селектор и како капитен доделив јасни, конкретни улоги, играчите добија можеби и премногу информации за кратко време. Јас мислам дека комплетната слика на оваа нова Македонија која треба да биде ќе ја имам по двата натпревара со Данска. Како што реков, спортски е да се надеваме, ќе веруваме и ќе се бориме докрај, меѓутоа од друга страна знаеме и треба да бидеме реални дека, сепак, Данска е можеби најдобрата светска репрезентација во моментов. Од она што го видовме во видео сесиите, повеќе од десетина, покрај тоа што ја анализиравме Данска, научивме и некои нови работи, дури и јас, кој сум многу долго на високо ниво во ракометот“, рече Лазаров.

Во составот на Македонија има промени за дуелот со Данска, повеќе информации можете да прочитате на следниот ЛИНК. 


sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk