logo
logo
logo

ЖЕШКАТА БРАЗИЛКА спремна за Светско (ФОТО)

Vecer | 19.11.2022

ЖЕШКАТА БРАЗИЛКА спремна за Светско (ФОТО)

Поранешната партнерка на фудбалерот Едер Милитао - Каролина Лима ќе навива за Бразил и дефанзивецот на претстојното Светско првенство во Катар.

Имено, Каролина пред само неколку часа објави фотографија на Инстаграм, а вниманието на јавноста го привлече нејзиниот изглед.

Исто така, атрактивната инфлуенсерка го носеше и знамето на Бразил како поддршка за репрезентацијата.

Се чини дека со оваа постапка таа засега ги „закопа секирите“ со поранешниот партнер Едер.

Шпанскиот весник „Марка“ пред повеќе од еден месец ја пренесе веста за скандал меѓу емотивни партнери. Како што пишуваа тогаш, одбранбениот играч на „Реал Мадрид“ јавно проговорил против својата сега веќе поранешна партнерка, на што таа не молчела.

„Се прашувам колку жени поминале низ слична ситуација како мене. Нема да дозволам ниту еден маж, а камоли на таткото на мојата ќерка, да ми ја скрши личноста. А особено нема да дозволам да кажува лаги за мене“ рече таа.

 

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk