logo
logo
logo

Жешка навивачка прекина спортски пренос во живо: Новинарот се шокираше кога сфати дека ги вади градите: 'Вистински се!'

Vecer | 29.01.2023

Жешка навивачка прекина спортски пренос во живо: Новинарот се шокираше кога сфати дека ги вади градите: 'Вистински се!'

За време на директниот пренос од Милано, на италијанскиот новинар Танкреди Палмери му се случи несекојдневен инцидент за кој со денови ќе се зборува во Италија.

Додека известуваше за преодниот рок за италијанскиот ТВ канал SportItalia, страствена навивачка на Хартс, фудбалскиот клуб од Единбург, му пришла и ја покажала нејзината тетоважа под десната града.

Видеото го објавил на Твитер, а на него, меѓу другото, се гледа и урнебесен момент за кој мислел дека ќе биде означен како порнографска содржина, но сепак успеал да се извлече.

Имено, Наташа слушнала дека Палмери го спомнува Единбург на минување. По победата на Хартс од 3:0 над градскиот ривал Хибернијан минатиот викенд, таа сакаше да му ја покаже тетоважата, а снимката сега се споделува на социјалните мрежи.

- Вака изгледа кога русокоса навивачка на Hearts ќе налета на вашиот кадар и сака да и покаже на цела Италија својата гордост од се срце. Би рекол од длабочината на нејзините гради, напиша Палмери во описот на кадарот.

Наташа го праша запрепастениот водител дали слушнал за клубот Heart of Midlothian. Кога тој одговорил да, таа посегнала по десната града под фустанот за да му ја покаже тетоважата.

Палмери беше шокиран и брзо ја покри со рака тетоважата со натписот 5-1, во чест на победата на Хартс над Хибернијан во финалето на Шкотскиот куп во 2012 година.

Подоцна успеала да извика: „Моите *** се вистински“.

Наташа од Шкотска и италијанскиот новинар подоцна отишле на пијачка каде се фотографирале заедно и искрено се смееле на малиот инцидент.

Фото: принтскрин твитер

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk