Интер е нов шампион на Италија. Конечно е урнат митот за непобедливоста на Јувентус. Прекината е долгогодишната доминација на „Старата дама“, па Интер после една деценија се искачи на тронот на Италија. Славењето го поремети првиот човек на клубот Стивен Жанг кој побарал од тренерот и фудбалерите да се откажат од две месечни плати и со тоа да му помогнат на клубот кој има финансиски потешкотии.
Вчерашната прес-конференција на Конте беше откажана со цел да се спречи ширењето на информации околу финансиската состојба на клубот. Поголемиот дел од играчите не сакаат да се откажат од платите, а според медиумите Антонио Конте и неговите помошници се заканиле со заминување.
Ваквата состојба ја наруши атмосферата во екипата, а двете страни се договориле да седнат на маса и да разговараат по мечот со Јувентус и Удинезе во Серија А. Доколку претседателот продолжи да притиска Конте и неговите луѓе ќе си отидат од „Џузепе Меаца“, а истото ќе го сторат и Џузепе Марота и Пјеро Аусилио.
sportmedia.mk