logo
logo
logo

Зенит ја „среди“ Барса и закажа „мајсторка“ за полуфинале

Vecer | 30.04.2021

Зенит ја „среди“ Барса и закажа „мајсторка“ за полуфинале

Кошаркарите на Зенит ја победија Барселона со 74:61 во четвртиот натпревар од четвртфиналето од плеј-офот во Евролигата и израмнија на 2-2 во серијата, што практично значи дека ќе гледаме петти одлучувачки меч за место на Ф4 турнирот.

Одлучувачкиот натпревар ќе се одигра на 4 мај, а победникот од серијата во полуфиналето ќе се сретне со подобриот играч од дуелот меѓу Анадолу Ефес – Реал Мадрид каде во моментов исто така резултатот е 2-2.

Зенит блескаше во одбраната во поголемиот дел од натпреварот, а предводен од поранешниот играч на Барселона, Кевин Пенгос, имаше најголеми плус 22 во финишот на третата четвртина и на почетокот на последниот период.

Пенгос заврши со 22 поени и 8 асистенции, а Алекс Поетрес постигна 12. Кај Барса Ник Калатес беше најдобар со 19 поени, додека Кори Хигинс додаде 13.


sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk