logo
logo
logo

Зенит и Басконија со важни бодови, Барса рутински

Vecer | 26.03.2021

Зенит и Басконија со важни бодови, Барса рутински

Зенит и Басконија останаа во игра за плеј-офот, двата тима забележаа убедливи победи во рамките на 31 коло во Евролига.

Рускиот состав на гостување кај Химки славеше 70-91 и стави крај на низата од три порази. Холинс со 17 поени беше прв стрелец кај победникот, Мики со 23 поени и 5 скока беше

Шпанскиот тим пак беше подобар од Милано со 86-69 за 17 победа оваа сезона со која се наоѓа на деветото место на табелата со еден пораз повеќе од Зенит. Најзаслужени за триумфот беа Хенри со 19 и Полонара со 17 поени. Кај Милано прво име беше Пантер со 13 поени.

На последната средба Барселона ја оправда фаворитската улога против Алба, славеше со 80-67 и го запиша 23. триумф. Никола Миротиќ постигна 26 поени и додаде седум скока.

Резултати: Химки – Зенит 70-91, Басконија – Милано 86-69, Олимпијакос – Фенербахче 71-76, Барселона – Алба 80-67.


sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk