logo
logo
logo

Затоа е ГРАНДЕ: Пандев на 37 години истрча 10 километри!

Vecer | 14.06.2021

Затоа е ГРАНДЕ: Пандев на 37 години истрча 10 километри!

За тоа со каков интензитет и напор беше одигран првиот историски меч на македонската фудбалска репрезентација на Еуро 2020, најдобро зборуваат бројките. Ако се погледне официјалната статистика од мечот на УЕФА, на дуелот меѓу Австрија и Македонија сите актери на теренот за 90 минути претрчаа близу 220 километри. За разлика од овој дуел, оној во Амстердам меѓу Холандија и Украина имаше сосема поинаков интензитет. Иако беа постигнати пет гола, фудбалерите на двете селекции истрчаа едвај 170 километри.

Статистиката вели дека фудбалерите на Австрија вчера на дуелот со Македонија претрчаа близу 110 километри, додека нашите репрезентативци 106 километри. Најактивен на теренот во Букурешт беше Сабитцер, кој буквално го имаше на секој дел од теренот. Фудбалерот на Лајпциг вчера против Македонија претрча 11,1 километар. Рамо до рамо со него беа уште пет репрезентативци на Австрија кои имаа над 10 истрчани километри: Улмер (10,5), Алба (10), Лаинер (10,9), Шлагер (10,6) и Лаимер (10,8). Во нашата репрезентација границата од 10 истрчани километри ја минаа тројца: Адеми (10,4), Пандев (10) и Елмас (10,7).

Кај нашиот следен противник, селекцијата на Украина, на вчерашниот дуел со Холандија најмногу трчаше Јаремчук со малку повеќе од 9 претрчани километри. Кај Холанѓаните исто така само еден ја мина границата од 9 километри – Де Рон.

 

sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk