logo
logo
logo

ЗАПАД: Охрид маршира кон баражот за Прва лига!

Vecer | 08.05.2021

ЗАПАД: Охрид маршира кон баражот за Прва лига!

Попладнево се одиграа четирите меча од 26.коло во ВМФЛ – ЗАПАД. Охрид со 3:0 успеа да го победи Кадино и да освои големи и екстра три бода, па така сега охриѓани се на чекор до баражот за пласман во Првата лига. Има останува само да го победат Тетекс на гости во последното коло, тим кој веќе обезбеди опстанок. Одличен за охриѓани денеска беше Шериф Реџепи, кој со хет – трик посто сам го победи тимот на Кадино. Скопје, тимот кој веќе е прволигаш, одигра уште еден одличен натпревар и го победи Гостивар на гости со 4:2. Стрелци на головите беа Јусуф два, а Јанакиевски и Жоглев по еден. Велешта со 2:1 го победи Велазерими и сепак ја остави надежта дека може во последното коло да се надева на чудо, на кикс на Охрид во таа битката за втората позиција. Лога беше двоен стрелец за Велешта, додека Имери погоди за Велазерими. И во последниот меч денеска, во Дебар каде што се сретнаа Кораби и Тетекс, домашниот тим победи со убедливи 3:0.

Дрита во ова коло беше слободна.

 

РЕЗУЛТАТИ – 26.КОЛО

ВЕЛЕШТА – ВЕЛАЗЕРИМИ 2:1

ГОСТИВАР – СКОПЈЕ 2:4

ОХРИД – КАДИНО 3:0

КОРАБИ – ТЕТЕКС 3:0

ДРИТА (СЛОБОДНА)

 

ТАБЕЛА

1.СКОПЈЕ 57

2.ОХРИД 46

3.ВЕЛАЗЕРИМИ 46

4.ГОСТИВАР 42

5.КОРАБИ 33

6.КАДИНО 27

7.ВЕЛАЗЕРИМИ 27

8.ТЕТЕКС 24

9.ДРИТА 21


sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk