Скопје на Автокоманда со 2:1 ја започна пролетната битка за влез во Првата лига. Лидерот со головите на Филип Јаневски и Христијан Кировски успеа да ја победи солидната екипа на Дрита, додека единствениот гол беше дело на Шпенд Асани.
Охрид лесно со 2:0 го совлада составот на Кораби, Цуцули и Реџепи беа стрелци, додека на мечевите Кадино – Тетекс и Велазерими – Велешта резултатот беше 0:0.
Да потсетиме дека мечот во Гостивар меѓу Вардар Форино и Гостивар не се одигра, СПОРТМЕДИА веќе извести за тоа.
На табелата Скопје и натаму е прв, но сега со 9 бодови пред Охрид и Велешта, се разбира Гостивар има меч помалку одиграно.
РЕЗУЛТАТИ
ОХРИД – КОРАБИ 2:0
КАДИНО – ТЕТЕКС 0:0
ВАРДАР (Ф) – ГОСТИВАР (неодиграно)
ВЕЛАЗЕРИМИ – ВЕЛЕШТА 0:0
СКОПЈЕ – ДРИТА 2:1
ТАБЕЛА
1.СКОПЈЕ 40
2.ОХРИД 31
3.ВЕЛЕШТА 31
4.ГОСТИВАР 30
5.КОРАБИ 24
6.ВЕЛАЗЕРИМИ 23
7.КАДИНО 16
8.ТЕТЕКС 14
9.ДРИТА 10
10.ВАРДАР (Ф) 10
sportmedia.mk