logo
logo
logo

Захариевски: Во Силекс ги поминав најубавите години, но во фудбалот нема простор за сентименталност

Vecer | 06.04.2021

Захариевски: Во Силекс ги поминав најубавите години, но во фудбалот нема простор за сентименталност

Утре со почеток од 13:00 часот Струга Трим Лум и Силекс ќе играат полуфинале во Купот на Македонија. Патник во финалето ќе биде победникот, што значи дека влогот е голем, па двете екипи мора максимално претпазливо да излезат на терен.

Тренерот на Струга Срѓан Захариевски долги години го носеше дресот на Силекс и има убави спомени од таму, но вели дека како професионалец ќе мора да даде се од себе против секој противник.

Најубавите играчки години ги поминав во Силекс со кого освоив три шампионски титули и два трофеја во Купот, но во професионалниот фудбал нема сентименталност. Секако ќе дадам се од себе да победиме на овој меч и да играме во големото финале што би бил огромен успех за клубот. Очекуваме цврст и екстремно тежок натпревар, затоа што се игра еден меч, а влогот е голем за двете екипи“, изјави Захариевски.


sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk