logo
logo
logo

Захариевски: Струга ТЛ оди од меч во меч, не се оптоварува со излез во Европа!

Vecer | 01.03.2021

Захариевски: Струга ТЛ оди од меч во меч, не се оптоварува со излез во Европа!

Добра, квалитетна партија на Струга Трим Лум вчера во Струмица и победа над Беласица со 2:1. Освоени се три големи бодови, кои и тоа како се значајни ако се знае дека во исто време вчера во Ѓорче домашната Македонија ЃП не успеа да го победи Борец. Па така сега стружани заостануваат само три бода во однос на “лавовите“ во таа битка за третата позиија на табелата која води во фудбалска Европа.

И веќе во среда Струга Трим Лум има шанса да ги претекне ѓорчепетровци, кои играат на гости кај Академија Пандев на која и гори под нозете, додека четата на Срѓан Захариевски игра дома со Пелистер.

И јас се сложувам дека Струга Трим Лум одигра добро и заслужено победи во Струмица, ја победи Беласица со 2:1. Ние како што ветивме пред стартот на пролетниот дел така и беше. На секој натпревар, дали играме дома или на гости, ќе одиме на победа. Тоа е стилот на Струга Трим Лум. Свесни сме каде се наоѓаме на табелата, но немаме намера сега да се оптиваруваме со тој излез во фудбалска Европа, едноставно сакаме да ги отргнеме мислите од тој евентуален историски пласман. Не сакаме да си создаваме непотребен притисок, одиме од меч во меч, ќе одиме од победа во победа. Се цел да извлечме максимум од себе, од својот потенцијал. Само така на крајот ќе бидеме задоволни од самите себе си. Да не заборавите дека ние сме и во полуфиналето во Купот на Македонија“ изјави за СПОРТМЕДИА стратегот на Струга Трим Лум.

 

sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk