logo
logo
logo

Захариевски: Среќен сум за победата, но и за младиот Скендери!

Vecer | 18.04.2021

Захариевски: Среќен сум за победата, но и за младиот Скендери!

Струга Трим Лум попладнево на свој терен со убедливи 3:0 успеа да го победи Пелистер. Иако во првиот дел стружани не одиграа баш најдобро, сепак на крајот победија. Се чини дека пресуди влегувањето во игра на младиот напаѓач Емир Скендери. Со оваа победа Струга ТЛ и натаму е во “игра“ за тоа 3.место и излез во Европа.

За СПОРТМЕДИА, свој коментар има стратегот на стружани Срѓан Захариевски…

Веднаш да кажам дека среќен сум за победата, но и за настапот на младиот Емир Скендери. Влезе во игра, даде гол, потоа и асистираше. Тој го размрда нападот и тоа се виде на теренот. Мислам дека ако се земат в предвид сите настани во текот на целиот меч сметам дека заслужено победивме еден силен Пелистер. Не сакам да говорам ништо за Европа. Ние како и секогаш ќе одиме од натпревар во натпревар. Остануваат уште пет кола до крајот, на сите ќе одиме на победа, ќе видиме на крајот каде ќе завршиме“ изјави Захариевски.


sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk