logo
logo
logo

Захариевски: Пред нас е најважниот меч во историјата на Струга Трим Лум!

Vecer | 14.05.2021

Захариевски: Пред нас е најважниот меч во историјата на Струга Трим Лум!

Во недела во Кратово, во рамките од последното 33.коло за сезонава, Струга Трим Лум ќе го одигра натпреварот со Силекс кој може да им донесе и излез во фудбалска Европа.

Има неколку математики, но најсигурна е онаа со која Струга Трим Лум да победи и сама да си ја решава судбината околу задржување на тоа трето место.

Македонија ЃП има два бода минус, но и меч против Вардар, затоа велиме дека стружани мора да победат среде Кратово.

Тренерот на стружани Срѓан Захариевски во пресрет на овој меч, и тоа против некогаш неговиот Силекс, за СПОРТМЕДИА изјавува…

Па, може да се каже дека ова за Струга Трим Лум е најважниот меч во кусата клупска историја. Можам само да претпоставам каква ќе биде таа радост ако успееме да го задржиме тоа трето место и избориме пласман во фудбалска Европа. Тоа ќе биде како шлаг на торта по оваа одлична сезона за нас. Се разбираа дека добро знаеме што треба да сториме, дека мораме да победиме и тоа кај квалитетниот Силекс. Првата шанса за Европа преку Купот ја пропуштивме токму против Силекс, сега посакуваме реванш. Знаеме дека ова за нас ќе биде исклучително тежок натпревар од психолошки аспект, така беше и на минатиот меч со Вардар. Одиме да победиме, ќе видиме дали ќе успееме во тоа“ заврши Захариевски.

Инаку на овој меч тој нема да може да смета на Цветаноски, Лена, Османи, Касами и Салиу. Утре по попладневниот тренинг експедицијата на Струга Трим Лум патува во Кратово каде вечерта ќе биде во карантин во пресрет на неделниот меч.


sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk