logo
logo
logo

Захариевски: Класичен пенал во 93.минута кој не ни беше досуден!

Vecer | 04.03.2021

Захариевски: Класичен пенал во 93.минута кој не ни беше досуден!

Струга Трим Лум по малку изненадувачки, за првпат сезонава, беше поразена на свој терен. Пелистер со гол во 92.минута успеа да ги оснесе сите три бода од Струга, но сепак финишот на овој меч мина во жестоки реакции на домашните. Посебно по оној момент од 93.минута кога имаше, според стружани, класичен пенал за нив а не беше досуден.

Срѓан Захариевски се чини за првпат во својата тренерска кариера, а претходно и фудбалска, беше толку нервозен за време на натпреварот, после него а и по проспиената ноќ не можеше да ги смири своите емоции.

Како прво овој натпревар е минато, сега не вреди да се зборува. Но овој натпревар беше класична НУЛА. Тоа не личеше на фудбал. Да, нервозен сум уште, навистина и јас не можам да прифатам некои работи. За голот што го примивме не можам да бидам дециден, јас сум реален. Топката е сокриена од телото на нашиот голман и не можам да кажам дали беше фаул или не. Така се гледа на снимката. И претходно имаше можност судијата да покаже на белата точка за нас, но она што се случи во 93.минута навистина е претерано. Ајде да не кажувам сега некои груби зборови. Па убаво се гледа како нашиот фудбалер е фаулиран, па луѓе мои до Охрид се слушна ударот.

Запрепастен сум зошто не беше свирнат пенал во наша корист. И нормално е да се изнервираш, човечки е да реагираш кога гледаш дека некој си игра со твојот клуб, со твојот тим, со играчите, со тебе. Навистина не знам до кога вака ќе оди. Јас како Захариевски, а и Струга Трим Лум како клуб бараме само чесно судење, ништо повеќе. Ние како клуб во повеќе наврати сме оштетени сезонава, за тоа имаше и во неколку наврати реакции и од раководството на нашиот клуб. Можеби оваа наша реакција вчера беше и капак на се она од минатото што ни се случувало. Разбирам дека и судите може да направат грешка, но ова вчера беше намерно правење грешка, тоа ме извади од такт“ изјави за СПОРТМЕДИА стратегот на Струга Трим Лум.


sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk