Втор пораз на македонскиот шампион во АБА лига

Задар го изненади МЗТ Скопје

Македонскиот кошаркарски шампион МЗТ Скопје го претрпе и првиот пораз на домашен терен сезонава, вкупно втор во АБА-лига, губејќи неочекувано од Задар со 85:80.

„Металците“ на нешто повеќе од една минута имаа предност од два поени, но на крајот претрпе пораз, како последица на новото очајно издание во одбраната, но овојпат и на бројните почетнички грешки во нападот, кој на периоди делуваше безидејно, а во бројни ситуации МЗТ делуваше и смешно, не успевајќи да ја внесе топката во поле од аут или од под сопствениот кош.

Лалиќ беше најефикасен кај нашиот претставник со 23 поени, а веднаш зад него беа Гарсија со 15 и Стојановски со 11 поени. Кај гостите незадржлив беше Ноулс со 25 поени.

 

Поврзани

Најнови вести

Коментари