ВЕНГЕР ВЕЌЕ РОНИ КРОКОДИЛСКИ СОЛЗИ

За сите ќе биде тешко ако Барса заигра во Премиер

Првиот човек на вицешампионот на Шпанија, Жозеп Мариа Бартомеу пред неколку дена изјави дека е можно Барселона да ја напушти Примера дивизион доколку Каталонија прогласи независност

Менаџерот на Арсенал, Арсен Венгер, изјави дека за сите клубови ќе биде многу тешко доколку каталонскиот гигант Барселона ја напушти Примера дивизион и се пресели во англиската Премиер лига.

Првиот човек на вицешампионот на Шпанија, Жозеп Мариа Бартомеу пред неколку дена изјави дека е можно Барселона да ја напушти Примера дивизион доколку Каталонија прогласи независност.

И фудбалскиот клуб Барселона се приклучи на генералниот штрајк по референдумот кој се одржа во неделата. Според каталонските власти, за "да# на референдумот на прашањето "дали сакате независна држава во облик на република#, се изјасниле дури 90% од гласачите. Излезноста била 42,3%, но Уставниот суд на Шпанија референдумот го прогласи за нелегален.

Ако Барселона сака да се приклучи на Премиер лигата, тоа ќе им ја отежне работата на сите клубови. Ќе биде многу интересно, но ќе има и инцидент од спортска гледна точка, затоа што Барселона е политички клуб. Ќе биде интересно да се види како ќе одговорат на играта која се форсира во Премиер лигата. Имаме доволен број на клубови, но ако некој сака тој број да биде зголемен на 24, тогаш прво треба да ги контактираме шкотските клубови, а потоа шпанските клубови, изјави францускиот стручњак.

Фудбалската федерација на Англија веќе неколку години ја рагледува идејата најпознатите шкотски клубови, Глазгов Ренџерс и Селтик, да бидат вклучени во Премиер лигата.

Поврзани

Најнови вести

Коментари