logo
logo
logo

За првпат - комплетна кошаркарска понуда: Пелистер по одмазда во Гостивар

Vecer | 13.03.2021

За првпат - комплетна кошаркарска понуда: Пелистер по одмазда во Гостивар

За првпат по подолго време едно коло во Првата лига ќе се одигра комплетно. За „гурманите“ на кошарката, денешната саботна програма има што да понуди, ќе се одиграат дури пет натпревари во рамките на 17. коло.

На домашните обврски се враќаат нашите АБА-лигаши, МЗТ Скопје и Работнички. Тимот од Аеродром е гостин на Академија ФМП, додека тимот од „Градски парк“ патува во Куманово.

Први колото ќе го отворат Еуроникел и Црн Дрим, еден час подоцна (27 ч.), Гостивар ќе биде домаќин на Пелистер, лидерот ќе бара одмазда на оваа средба по поразот од овој тим на домашен терен.

ПРВА ЛИГА-МАЖИ

ДВОЈКИ 17. КОЛО

САБОТА:

16.00: Еуро Никел 2005 – Црн Дрим

17.00: Гостивар – Пелистер

18.00: ТФТ – Вардар

18.00: Академија ФМП – МЗТ Скопје Аеродром (МТВ)

19.00: Куманово 2009 – Работнички

НЕДЕЛА:

17.00: МЗТ Скопје Уни Банка – Кожув

 

sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk