logo
logo
logo

За малку ЌЕ СИ СИ ГО ПРЕКИНЕВ ЖИВОТОТ - Потресна исповед на Јелена Докиќ

Vecer | 12.10.2021

За малку ЌЕ СИ СИ ГО ПРЕКИНЕВ ЖИВОТОТ - Потресна исповед на Јелена Докиќ

Поранешната тенисерка Јелена Докиќ го одбележа Светскиот ден на менталното здравје споделувајќи фотографија а со која напиша шокантна порака и сеќавање.

Докиќ веќе долго време се бори со депресија, а тешката врска со нејзиниот татко Дамир ја опишала во својата автобиографија „Несаломива“.

„Оваа фотографија секогаш ме растажува и носи одредена болка. Направена е во периодот од мојот живот кога имав депресија, анксиозност и пост-трауматски синдром. Само неколку години подоцна, за малку ќе го прекинев животот", ги шокираше сите Јелена Докиќ нејзините следбеници со искрена исповед.

„И денес сум во сосема поинаков свет. Откако успеав да се справам со сите приватни проблеми и предизвици, и да отидам на другата страна, знам колку е важно да бидете во постојан контакт со другите луѓе околу вас. И знам дека не се сите со  таква можност. Затоа денес е многу важно да се подигне свеста за менталното здравје и проблемите", додаде таа.

Докиќ особено ја допре важноста на семејството за време на Австралија Опен, кога таа плачеше пред камера зборувајќи за Ешли Барти, а неколку месеци подоцна таа има порака до сите млади луѓе.

„Можеби не изгледа како голема работа некој да има проблеми од оваа природа, но ако знаете дека имате поддршка однадвор, тоа прави голема разлика. Семејството, пријателите се важни... Сакав да слушнам од уште повеќе луѓе тогаш. Ве молиме, поддржете ги сите затоа што никогаш не знаете каква борба поминуваат во тој момент. Луѓето понекогаш ја потценуваат вредноста на едноставната порака или повик. Не ви треба многу време или напор и всушност може да имате големо влијание . Знам колку ми значеше тоа на секое ниво. Има потреба да зборуваме повеќе за оваа тема. Грижете се за себе, но и за другите и тоа е пораката што треба да се испрати на овој ден", напиша Јелена Докиќ.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk