logo
logo
logo

Вујовиќ: Жал ми е поради атмосферата, Вардар не личеше на себе!

Vecer | 13.10.2021

Вујовиќ: Жал ми е поради атмосферата, Вардар не личеше на себе!

Дојдоа тешките денови кои Веселин Вујовиќ ги најави. Вардар 1961 за првпат сезонава е поразен на домашен терен, и тоа од Монпеље со 25-31 во едно неубедливо издание.

Вардар по некомплетното 4. коло падна на петото место на табелата, има пет бода исто колку и францускиот тим.

„Честитики за Монпеље за добрата игра, во ниту еден момент не бевме близу. Вардар не личеше на онаа екипа од првите три кола. Жал ми е за атмосферата во салата која беше одлична. Монпелје мора да се респектира, го победи Кил, и тоа е тим кој доаѓа од Франција, земја каде се игра врвен ракомет. Со причина се плашев за овој меч, голем дел од играчите потфрлија, мораме да се дигнеме и да се продолжиме, сезоната е долга“, изјави Веселин Вујовиќ. 

 

sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk