logo
logo
logo

Вујовиќ: Имаме горчлив вкус, загубивме добиен меч! Се плашам, поразот може да се одрази негативно!

Vecer | 08.12.2021

Вујовиќ: Имаме горчлив вкус, загубивме добиен меч! Се плашам, поразот може да се одрази негативно!

Вардар 1961 го запиша седмиот пораз во низа во Лигата на шампиони, на гостувањето кај ППД Загреб беше совладан со 23-22. Македонскиот првак не само што се враќа поразен, на паузата заминува како седмопласиран тим.

Избраниците на Веселин Вујовиќ на осум минути до крајот имаа три гола позитива, но во драматична завршница, не искористија напад за бод.

„Имаме горчлив вкус, загубивме добиен меч. Грешевме кога не требаше, ова беше тежеок меч. Кога играме со Загреб секогаш играме лошо, нема акција, нема проток на топка, дали се создава некоја тензија, не знам.

За седум дена не чека важен меч со Пелисер, се плашам дека овој пораз да се одрази негативно кај моите играчи. Седум меча сме без победа. Играме нешто добро, но остануваме без бодови. Имаме подобар распоред, се надеваме дека ќе се пласираме во следната рунда“, изјави Вујовиќ на прес-конференцијата по завршување на мечот. 


sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk