logo
logo
logo

Втора лига: Кит Го по бодови во Радовиш

Vecer | 27.03.2021

Втора лига: Кит Го по бодови во Радовиш

Денеска конечно ќе се комплетира 20.коло во двете втори лиги. Имено откако, поради лошите временски услови, минатата недела беа одложени четири меча за во среда па потоа одново беа одложени, денеска се очекува тие да се одиграат.

На програмата се дуелите Плачковица – Кит, Победа – Тиквеш во ВМФЛ – Исток, додека во ВМФЛ – Запад се среќаваат Кораби – Велазерими и Дрита – Гостивар.

Секако дека најинтересно ќе биде во Радовиш каде домашната Плчаковица ќе го дочека тимот на Кит Го. Пехчевци играат во одлична форма оваа пролет и нема да биде изненадување ако ги освојат бодовите.

Сите натпревари започнуваат од 15 часот.


sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk