logo
logo
logo

Втор пораз на македонските пионерки во квалификациите за ЕП 2021

Vecer | 10.03.2021

Втор пораз на македонските пионерки во квалификациите за ЕП 2021

Откако вчера загуби на отворањето на турнирот во Врњачка бања од домаќинот Србија со 3:0, македонската репрезентација за одбојкарки до 16 години (генерација 2006 и помлади) претрпе идентичен пораз и во денешното второ коло, но од селекцијата на Бугарија. Иако до крајот на квалификациите за претстојното Европско првенство има уште два натпревара, тешко е да се очекува дека нашиот национален состав ќе може да направи нешто повеќе во резултатска смисла, но останува мала надеж дека ќе може да го поправи впечатокот. Македонските одбојкарки утре ќе играат со Турција, а в петок со Романија.

Со оглед дека само првопласираниот ќе обезбеди директен влез на континеталниот самит во периодот од 10-18 јули во Ниџерхаза, Унгарија и во Хумене, Словачка, нашите девојки ќе продолжат во вториот круг од квалификациите закажан за почетокот на мај (6-9). Тогаш ќе бидат одиграни пет турнири со по четири репрезентации од сите пет зонски асицијации на ЦЕВ во коишто е и нашата, балканска.

 

sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk