Враќање на „отпишаниот“ Тим, Нишикори пoвторно разочара во Лондон

" alt=

Иако обложувалниците очекуваа јапонскиот тенисер Кеи Нишикори да слави против Доменик Тим на Мастерсот во Лондон, сепак Јапонецот повторно разочара со својата игра.

Предмалку заврши првиот меч од третото коло на групата Б меѓу Тим и Нишикори, а Австриецот триумфираше за 86 минути игра со убедлив резултат 2:0 (6:1, 6:4).

Првиот сет помина во целосна доминација на Тим, па со брејк младиот тенисер уште во вториот гем покажа дека нема намера да губи време против Нишикори.

Вториот сет донесе понеизвесна борба, но сепак Кеи мораше да му подаде рака на денеска подобриот противник откако успеа да освои 4 гема во овој сет.

Сега двајцата тенисери имаат по 1 победа и 2 порази во групата во која Роже Федерер и Кевин Андерсон во 21 часот ќе го започнат својот дуел за првото место.

извор: Makfax

Поврзани

Најнови вести

Коментари