ИНТЕР ЌЕ ПАЗАРУВА ВО ЛОНДОН

Волкот прво позајмен, па купен

Челниците на популарните "нероазури" сакаат прво да го позајмат повремениот репрезентативец на Англија, а потоа да го откупат неговиот договор со понуда која нема да биде помала од 20 мил. евра

Поголемиот дел од италијанските медиуми ја пласираа информацијата дека раководните лица на калчо гигантот Интер ќе се обидат за време на зимскиот преоден рок да ги осигураат услугите на крилниот напаѓач од редовите на лондонскиот премиерлигаш Арсенал, Тео Волкот.

Челниците на популарните "нероазури" сакаат прво да го позајмат повремениот репрезентативец на Англија, а потоа да го откупат неговиот договор со понуда која нема да биде помала од 20 мил. евра.

Крилниот напаѓач планира да ја промени клупската средина за време на зимскиот преоден рок, а интерес за неговите услуги покажаа и челниците на Евертон, Саутемптон, Кристал Палас и на Ливерпул.

Поврзани

Најнови вести

Коментари