ПОЗНАТИ ЛАУРЕАТИТЕ ЗА 2008 Г ВО МАКЕДОНИЈА

Војдан Стојановски - најдобар кошаркар

Актуелниот играч на Амак СП и член на сениорската репрезентација на Македонија, Војдан Стојановски е избран за најдобар кошаркар во нашата земја за 2008 година. Тој собра 6 гласови од 12 медиуми, кои гласаа за најуспешни спортисти во изминатата сезона.

Медиумите по вторпат во низа го избраа Александар Костовски, член на Вардар за најуспешен млад кошаркар. Тодор Гечевски по четврти пат во низа е носител на наградата за најуспешен македонски играч во странство. Тој собра 9 гласови, додека второрангираниот Владо Илиевски 3.
Емил Рајковиќ под чие водство Фени Индустри го освои Купот и првенството на Македонија е прогласен за најуспешен тренер со едногласна одлука на сите 12 медиуми. Тој беше и селектор на репрезентацијата на Македонија до 20 години, која настапи на ЕП во Романија. Во младите категории наградата за најуспешен тренер му припадна на Љутков (Овче Поле) со 6 гласови, а еден помалку доби Слободан Петровски.

Кај девојките ласкавото признание заминува кај Ана Живковиќ (Вигор Скопје), додека во конкуренција на млади кошаркарки кај Јелена Антиќ, која настапува и се школува во САД. Видоја Секуловски, селектор на Македонија е избран за најдобар тренер во женска конкуренција, додека пак во младите категории Владимир Ѓоровиќ од Струга.
Церемонијата на врачување на наградите ќе се случи на полувремето на Ол стар натпреварот во Свети Николе, што ќе се одржи утре.

Поврзани

Најнови вести

Коментари