logo
logo
logo

Во Вардар работите ќе станат појасни после четврток

Vecer | 18.05.2021

Во Вардар работите ќе станат појасни после четврток

Вардар 1961 дефинитивно следната сезона ќе има бројни промени. Засега дел од новите засилувања се потврдени на официјалната страница на „црвено-црните“, за дел и натаму се шпекулира.

Една од најголемите топ-теми која е најавена е враќањето на Веселин Вујовиќ. Стевче Алушовски потврди дека заминува, но раководството на Вардар 1961 ја нема објавено неговата замена.

СПОРТМЕДИА стапи во контакт со првиот човек на тимот, Михајло Михајловски. Тој порача дека изгледот на „ростерот“, но и на клупата, ќе биде познат после четврток, поточно по завршување на мечот меѓу Е.Пелистер и Вардар во рамките на плеј-офот на кој се очекува скопскиот тим да ја освои шампионската титула.

„Засега нема ништо официјално. Работите ќе станат појасни по завршување на мечот во четврток, дури потоа ќе почнеме да мислиме на новата сезона. Не сакам да се шпекулира со ниту едно име, точно е дека преговараме, но немаме договорено. Од следната недела ќе имаме поконкретни информации“, ни изјави првиот човек на Вардар, Михајло Михајловски, кој очекува неговите момци во само пет дена да го кренат и вториот пехар оваа сезона.  


sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk