logo
logo
logo

Во сабота цело 24 коло од ПМФЛ, во недела само Ренова – Македонија ЃП

Vecer | 15.03.2021

Во сабота цело 24 коло од ПМФЛ, во недела само Ренова – Македонија ЃП

Со оглед на стартот на подготовките на репрезентацијата за мартовскиот квалификациски циклус за СП во Катар 2022 година, претстојниот викенд, во кој ќе се играат мечевите од 24.коло, дојде до мало поместување. Имено место во недела, натпреварите ќе се играат ден порано, во сабота. ТВ пренос ќе има од мечот Вардар – Шкендија, додека во недела ќе се игра само мечот меѓу Ренова – Македонија ЃП, кој исто така ќе оди низ ТВ пренос на Арена Спорт и МРТВ.

Да потсетиме дека во сабота уште играат Борец – Пелистер, Беласица – Работнички, А. Пандев – Струга Трим Лум и Силекс – Шкупи.

Ова значи дека второлигашите ќе играат ден подоцна, во недела.

Сепак на барање на Брегалница и Кадино, нивните мечеви со Слога (В) и Тетекс, ќе се играат во сабота, сите останати натпревари од 20.коло на Истокот и Западот, ќе се играат во недела.

 

sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk