СУПЕРКОШАРКАРСКИ КУП

Во "Парк" игра за мерак на душата

Утре во Струмица екипите на Струмица 2005 и Вардар О ја отвораат новата сезона која почнува на 6 октомври

Периодот на подготовки, контролни средби да се види досега одработеното заврши за кошаркарите на Струмица 2005 и Вардар О. Утре во Струмица, во салата "Парк" (19,30 ч) , ја отвораат новата сезона со супер купот, за пехарот на Редакцијата Македонски спорт. Што е уште поинтересно и двата тима во натпреварувачката сезона што измина (2006/07) ги постигнаа најголемите, клупски успеси. Струмица 2005 стана шампион на Македонија, а Вардар О го освои купот на Македонија за преодниот пехар на Вечер, во Битола, токму против утрешниот противник. Сето тоа придонесува годинашниов супер куп да се проследи со посебен интерес. И поради тоа што двата тима се освежија со нови играчи, а и на клупите седнаа нови тренери. Струмичани го ангажираа актуелниот селектор на Македонија Јовица Арсиќ, а во редовите на вардарци, по подолго време, се врати Тихомир Матевски.

- Ваквите средби се добра прилика да се види досега сработеното. Имаме одредени проблеми со повредени играчи, но и покрај се ќе се обидеме пред струмичани да се претставиме во најубаво светло, вели тренерот на Струмица 2005 Јовица Арсиќ.

Кога сме кај супер купот треба да се каже дека досега се одигра четири пати. Двапати триумфираше тимот на Никол ферт (2000 и 2002 г), по еднаш Ф. Работнички (2001) и МЗТ Скопје (2003), кој во споменатата година беше финалист во купот.

(С.Т.)

Поврзани

Најнови вести

Коментари