logo
logo
logo

Во „Ланксес„ Арена стартува битката за тронот

Vecer | 28.05.2021

Во „Ланксес„ Арена стартува битката за тронот

Денеска стартува битката за тронот во Евролига. Домаќин на четирите најдобри екипи е Келн, поточно „Ланксес“ Арена.  ЦСКА – Ефес и Барселона – Милано, се двете полуфинални двојки.

Актуелниот шампион, ЦСКА Москва е тим со најмногу настапи на заршниот турнир во Евролига, ова е осмо учество по ред, вкупно 19. Во четвртфиналето московјаните влегоа без проблем со 3-0 го елиминираа Фенербахче.

„Ова беше тешка сезона за сите нас, игравме во услови на панде,ија, на никого не му беше лесно. Им реков на играчите доколку го освојат пехарот, на оваа сезона ќе сакаме да се сеќаваме“, изјави тренерот на ЦСКА, Итудис.

Предизвикувач на ЦСКА ќе биде Ефес, кој по четврти пат во својата историја ќе се најде на Ф4. Во 2019 година во финалето беше совладан токму од тимот од Москва, додека минатата година беше најдобар тим, но поради Ковид-19 сезоната заврши пред време.

Шампионот од 2010 година, Барселона на завршниот турнир се враќа после седум години, а 15. во својата историја. Каталонскиот гигант ќе игра против Милано. Оваа екипа за титулата во Евролига ќе се бори за првпат после 29. години. Последен пат на Ф4 играше во 1992 година кога во полуфиналето беше совладан од Партизан.

„Направивме добра работа оваа сезона, на завршниот турнир сме после многу години. Сакаме да ги израдуваме фановите“, кратко изјави тренерот на Милано, Еторе Месина.

Првиот меч меѓу ЦСКА и Ефес е закаќан во 18 часот, додека Барселона и Милано ќе ги одмерат силите во 21 часот.


sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk