logo
logo
logo

Во Индија дневно има половина милион заболени, но и натаму се игра крикет

Vecer | 29.04.2021

Во Индија дневно има половина милион заболени, но и натаму се игра крикет

Јавноста во Индија е гневна, и медиумите се преполни со написи кои ја критикуваат одлуката на надлежните и покрај страотната ситуација со коронавирусот, и милионите заболени односно веќе починати граѓани шампионатот во крикет и натаму да биде активен и мечевите да се играат.

Индија во моментов е најпогодената земја со пандемијата од коронавирус, и дневно има по речиси половина милион заразени, а умираат по педесетина илјади луѓе.

Крематориумите едноставно не можат да постигнат, телата на починатите често се палени и на улиците. Состојбата во болницте е очајна има огромен недостаток од кислород, но и се останато потрбено за болните.

Потегот кој ја прели чашата, во целата оваа ужасна ситуација, е одлуката да се одигра мечот помеќу Раџастан Ројалс и Мумбаи Индијанс, и тоа на стадионот кој се наоѓа наспроти најголемата ковид болница во Њу Делхи.

„Во моментов тоа е најважно секако. Да се игра крикет. Во моментов мора да се справуваме со овој ужасен вирус, а некому му е дојдено до крикет„ – се вели во соопштението на болницата, која објави дека има кислород само уште за два часа.

 

sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk