logo
logo
logo

’ЗБОГУМ МОЈА СРАМОТО’

Во фудбалот има многу хомосексуалци, но не сакаат да зборуваат за тоа!

Vecer | 14.05.2021

Во фудбалот има многу хомосексуалци, но не сакаат да зборуваат за тоа!

Некогашниот фудбалер на Тулуз Усеим Белгасем ја размрда светската јавност со автобиографијата „Збогум, моја срамото“. Она што крена прашина е неговата приказна за хомосексуалноста, борбите кои ги водел во животот, како и за многу присутната хомофобија, како што вели, особено во фудбалот.

- На тинејџерска возраст сакаме да се интегрираме, да бидеме дел од групата. Во соблекувалната мора да се претворате дека имате двеојка, да бидете по малку мачо, да се претставувате себеси низ приказните дека сте ја фатиле оваа или онаа девојка. Мора да го носите ова „одело“ ако сакате да се интегрирате. Соиграчите не би разбрале дка сме сами во тоа време или ште полошо, не можевме да кажеме - „Запознав момче, одлично се согласувам со него и среќни сме“, вели Белгасем, па нагласува дека заради тоа бил многу тажен, како и дека долго верувал оти може да се промени.

Тој посебно ја подвлекува хомофобијата во фудбалот и тврди дека меѓу играчите има голем број хомосексуалци кои одлучиле да молчат, иако нивното признание би можело да донесе промени.

- Би сакал да имам поддршка од одлични фудбалери. Ни недостасува само малку храброс, вели тој.

 

[embed]https://www.youtube.com/watch?v=pdg2qqB3Z4A&feature=emb_imp_woyt[/embed]

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk