logo
logo
logo

Во драматична завршница Бутел го доби дербито со Охрид, Прилеп подобар од Струга

Vecer | 16.10.2021

Во драматична завршница Бутел го доби дербито со Охрид, Прилеп подобар од Струга

Во меч со цврста одбрана и лоша реализација, Бутел со само 15:14 славеше над Охрид во дербито на 7. коло од Суперлигата.

Бутелчани почнаа добро и според играта во првиот дел изгледаше дека суверено ќе го добијат мечот. На полувреме обезбедија предност од 4 гола (10:6), но според тоа како Охрид го одигра вториот дел беше јасно дека мечот ќе влезе во неизвесна завршница.

Бутел имаше предност од 15:12 на три минути пред крајот на средбата, но лошата реализација на нападот го врати Охрид комплетно во игра. Гостите двапати успеаја да искористат напад за 15:14,  а во последната минута, Марко Митев изнуди седмерец кој Златко Мојсовски не успеа да го претвори во гол за сигурна победа.

Охрид доби шанса за реми, но гостите направија техничка грешка, ја загубија топката и ја загубија шансата за реми. По бурни реакции во последните 6 секунди, сепак, Бутел успеа да ја задржи топката и предноста за петта сезонска победа.

Чаневски беше неверојатен на голот на Бутел со 18 интервенции, а Мајиќ беше најефикасен на мечот со 5 постигнати гола.

По два врзани порази, ракометарите на Прилеп ја остварија и третата сезонска победа. Вечерва на домашен терен, прилепчани беа поуспешни од екипата на Струга совладувајќи ја со 25:22.


sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk