logo
logo
logo

Во Букурешт за време на ЕП: Странците мора да си одат најдоцна за 48 часа од пристигнувањето

Vecer | 06.04.2021

Во Букурешт за време на ЕП: Странците мора да си одат најдоцна за 48 часа од пристигнувањето

Романските власти најавија дека за натпреварите на ЕП ова лето ќе дозволат присуство на навивачи на стадионот во Букурешт, но денеска исто така најавија дека странците во земјата ќе може да се задржуваат најдолго 48 часа.

Здравствените власти на Романија денеска одлучија сите странски навивачи да добијат дозвола за влез во земјата и можност за престој не подолг од 48 часа.

Тоа значи дека навивачите кои сакаат да патуваат за Букурешт тоа ќе може да го напарават исклучиво за одреден меч, но не и да се задржуваат подолго. Претходно, романската влада одлучи на Националната арена во Букурешт да биде дозволено присуство навивачи во сооднос на 25% од капацитетот (околу 13.000 навивачи). Македонија во Букурешт ќе ги игра средбите со Австрија и Украина.


sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk