logo
logo
logo

Во Борусија Дортмунд се враќа скаутот кој откри многу светски „ѕвезди“

Vecer | 09.04.2021

Во Борусија Дортмунд се враќа скаутот кој откри многу светски „ѕвезди“

Свен Мислинтат, човекот кој во Дортмунд донесе многу од сегашните „ѕвезди“ кои жарат и палат по европските клубови, се враќа во тимот на Борусија. Тој беше скаут во времето кога за „милионерите“ потпишаа играчи како Левандовски, Обамејанг, Кагава, Хумелс, Гиндоган, Дембеле… Со дел од нив Борусија играше во финалето во Лигата на шампионите 2013 година.

Мислинтат е во моментов скаут на Штутгарт, меѓутоа таму немаше многу шанса да се докаже, со оглед на ограничените ресурси (пари) во таборот на „Швабите“. Милсинтат од Дортмунд замина во Арсенал, но од таму замина поради несогласувања со управата, и не се задржа многу во Лондон.

Билд пренесува дека Мислинтат веќе почнал да го реновира домот во Дортмунд, кој го има по неговиот престој, и тоа значи дека се подготвува за враќање во тимот на „милионерите“.


sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk