logo
logo
logo

Во Битола се чува врвот: Пелистер не виде мака со „академците“

Vecer | 06.03.2021

Во Битола се чува врвот: Пелистер не виде мака со „академците“

Пелистер продолжи во победнички ритам. Битолчани го запишаа третиот триумф во низа, откако на домашен терен ја совладаа Академија ФМП со 100-72 во рамките на 16. коло. Со новите бодови, избраниците на Марјан Илиевски се зацврстија на врвот на табелата со скор 12 победи и два порази.

Битолчани поведоа со 10-4, во првата четвртина имаа највисоки 35-17, на одморот беше 57-41. Домаќинот го задржа истиот ритам и по одморот, доминантно и црвсто чекореше кон нови бодови. На другата страна за Академија ФМП ова беше осми пораз во Првата лига.

Бојан Трајковски со 20 поени 13 скока беше прв стрелец кај битолскиот состав, Вилијамс имаше 16, додека Кесар запиша три помалку. Кај гостите, Крстајиќ имаше 17 поени.


sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk