logo
logo
logo

Во Битола и Гостивар две жешки пресмерки

Vecer | 06.05.2021

Во Битола и Гостивар две жешки пресмерки

Денеска ќе се одиграат уште два нови натпревари во рамките на Првата лига од серијата заостанати. Во центарот на вниманието е Битола, таму Пелистер е домаќин на Работнички во меч од 21. коло, мечот е закажан во 18 часот.

Првата средба во Скопје заврши со убедлив триумф на битолските кошаркари, па ова ќе биде доволен мотив за избраниците на Димитар Мираковски да им го нанесат третиот домашен пораз на „пелистерци“ оваа сезона. За првото место на Работнички ќе му треба многу повеќе, поточно победа од 25 поени. Доколку не успеат, најтрофејниот плеј-офот ќе го чека од второто место, додека пак на другата страна Пелистер како лидер ќе игра со Академија ФМП.

Интересно ќе биде и во Гостивар, таму еден час порано, гостува ТФТ. Дебитантот е во лоша серија, па пред почетокот на плеј-офот посакува победа за враќање на самодовербата. На другата страна избраниците на Александар Јончевски исто така нема да дозволат со пораз да го заокружат овој дел од сезоната, па токму затоа ова ќе биде интересен меч. И двата тима имаа еднаков број на бодови 33, каде ќе завршат ќе биде познато по завршување на регуларниот дел.


sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk