logo
logo
logo

Во Англија финалињата на Куповите со гледачи на трибините!

Vecer | 16.02.2021

Во Англија финалињата на Куповите со гледачи на трибините!

Фудбалската федерација на Англија и раководството на Лигата се во постојан контакт со Владата, со цел да се дозволат гледачи на Вембли, на двете финалиња во Куповите на таа земја. На финалето на ФА купот (15 мај) и финалето на Лига купот (15 април).

Тие се надеваат дека ако епидемиолошките услови се подобрат би можело на “Вембли“ да има и по 30.000 гледачи, тоа е некаде околу 1/3 од капацитетот, но сепак е добра бројка со оглед на пандемијата.

Нивните оптимистички најави се и поради тоа што во Англија досега примиле вакцини околу 15 милиони лица, што докажува дека се една од најдобрите светски програми за масовно вакцинирање.

Сепак конечната одлука за тоа дали ќе има или не гледачи на трибините на тие финалиња зависи од тоа колку заразени со Ковид-19 има во просек на 100.000 жители.


sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk