logo
logo
logo

Во 2022 стартува Тур де Франс за жени

Vecer | 12.05.2021

Во 2022 стартува Тур де Франс за жени

Во интервју за „Гардијан“, Кристијан Прудом, директорот на популарната велосипедска трка Тур де Франс објави дека идната година ќе стартува и женската трка во Тур де Франс.

„Ова ќе се одржеше и порано да не беше пандемијата со Ковид-19. Сепак, одлуката е донесена. Ќе има Тур де Франс во женска конкуренција во 2022 година која ќе се вози веднаш по завршување на машката трка“, вели Прудом.

Женската верзија на Тур де Франс се возеше од 1984 до 1989 година.  Прва победничка  беше Мариане Мартин од САД, а во 1989 година победи Жани Лонго. Потоа организаторите ја сменија трката, распоредот и  терминот. Се организираа неколку трки во француски региони или трка во два или три француски региони и секоја со различно име. Во 2009 година беше последната таква трка низ Франција во која победи Ема Пули од Обединетото Кралство.


sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk